Македонскиот првак Металруг со 32-23 (14-13) го совлада белорускиот Мешков Брест и обезбеди пласман во 3. коло во Купот на ЕХФ.


Фуриозното второ полувреме во кое главна улога одигра голманот Ангелов беше одлучувачко во триумфот на тимот на Лино Червар. Ангелов со своите одбрани ги исфрли од ритам гостите кои по првиот дел имаа резултат кој ги водеше во наредната рунда.

Одбраните на Ангелов, знаеа да ги искористат Миркуловски, Мојсоски и Чурувија кои ја решетаа мрежата на гостите. Миркуловски застана на осум, Чурувија постигна седум,а Мојсоски и Ракчевиќ  по пет.

Битолски Пелистер со гол во финишот на мечот го победи Дуделанж со 26-22 и обезбеди пласман во наредната рунда. Во првиот натпревар Пелистер загуби со 20-17, а битолчани носени на крилата на публиката успеаа да остварат голем успех и по пауза од три години да го минат второ коло од ЕХФ купот.

Противниците на македонските преставници во третото коло ќе биде познати по жрепката која ќе се одржи во вторник.