Вечното дерби помеѓу градските ривали, јубилејно одиграно по 105-ти пат овај пат во Капитал Банка – Суперлигата им припадна на кошаркарите на МЗТ Скопје максимално ја искористија предноста на домашен терен, и славеа во “Јане Сандански“ со 82:71.


Кирил Николовски со дабл-дабл учинок составен од 20 поени и 11 скокови, заедно со Ненад Зивчевиќ кој постигна 17, беа најдобрите поединци кај домашните. Во Работнички, Мираковски (кој постигна 21 поен), немаше поддршка од останатите. Потфрлија Перо Блажевски и Ефтим Богоев кои беа клучни во претходното дерби.

Со победата, МЗТ Скопје се зацврстува на втората позиција во Суперлигата, додека Работнички сега ќе има проблем да ја задржи и третата.


Во рамките од второто коло кошаркарите на Фени Индустри на домашен терен ја совладаа екипа на АБА Струмица со 89-82. Кај кавадарчани најрасположени за игра беа, Џарид Фрај со дабл-дабл учинок составен од 22 поени и 11 скокови, Дарко Соколов постигна 20 поени додека Слободан Михајловски запиша 14 поени.

На останатите средби од второто коло во Суперлигата, Торус со 92:78 го совлада тимот на Лирија.