Металург славеше на гостувањето во Струга кај Караорман со 2-1 и обезбеди пласман во наредната рунда од националниот куп.
Металурзите на самиот старт на мечот дојдоа во водство преку Нестороски, ја конторлираа играта во целиот свој тек, но не успеаа даја затресат мрежата за мирен финиш.
Неизвеснота во мечот домаќините ја вратија во последните десет минути кога преку Далчески го изедначија резултатот на 1-1. Но радоста на домаќините, кратко траше а човек на одлука беше капитенот Крстев кој со глава беше прецизен и го осигура пласманот во наредната рунда.
фото Емилио
М.П.