Екипата на Металург стигна до втората победа во Супер лигата, откако славеше во дербито во Битола против Пелистер со 31-27 (15-16) во втората рунда од плејофот во Супер лигата.


Со овој триумф „металурзите“ му го нанесоа првиот пораз на „зелено белите“ во плејофот и се изедначија со Охрид кој во втората рунда го совлада Борец.

Домаќините носени од публиката во реновираната сала „Младост“ го добија првиот дел, но немаа сили да им се спротистават на „металурзите“ во второто полувреме кои уфрлија брзина погоре.

Металург покажа зрелост во клучните мигови и го „преживеа“ битолскиот пекол кој го направија домашните навивачи.

Втората рунда во плејофот во Супер лигата ќе се комплетира со дуелот Еурофарм Работник – Вардар кој е одложен поради настапот на македонскиот шампион во завршницата од СЕХА лигата.

Фото: Екипа.мк
OhridNews