Скопски Металург имаше успешна втора фудбалска полуетапа, која ги доведе на посакуваната позиција на крајот, третото место на прволигашката табелата и деби-настап во европските купови, во Лигата Европа, но желбите и за следната сезона се исти.
– Сакаме во ист стил да продолжиме и во новата сезона. Настапите во Европа ќе бидат надополнување на сето она што го сработивме во минатата сезона. Напоредно се подготвуваме и за првенството и за мечевите во Европа, а амбициите на Металруг и во следната сезона ќе бидат европски. Се засиливме во сите линии пред сé со домашни играчи. Ни недостига уште еден напаѓач, по заминувањето на Баже Илијоски но нема да брзаме, и нема по секоја цена да купуваме некој играч. Ќе почекаме да видиме што ќе понуди пазарот па потоа ќе повлечеме потег – рече тренерот Жикица Тасески.
Тимот од Автокоманда ќе има европско крштевање, а шефот на тимот Тасевски ги знае евентуалните противници. Нема некоја посебна желба против кого да игра, но затоа пак, знае против кого не сака да игра.
– Металург првпат излегува во Европа и е во групата аутсајдери. Јас како тренер немам некоја посебна желба, но не ги посакувам во првото коло кипарскиот Анортозис и Бнеи Јахуда од Израел. Останатите екипи се со изедначен квалитетот – вели младиот стратег.
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.