Иако Металург ги минува најтешките мигови, сепак на крајот се гледа и светлина во тунелот. Првиот човек на Металург, Левче Китевски во отворено студио на „Алфа ТВ“ отрки дека и следната сезона клубот ќе биде дел од Лигата на Шампиони, ако заврши на втората позиција во македонскиот шампионат.
– Добивме известување од централата на ЕХФ дека ние како Металург, и идната година ќе добиеме директно учество во групите од Лигата на шампионите. За тоа е потребно да го освоиме второто место во првенството на Македонија. Претставник на нашиот клуб во вторник ќе отпатува за Виена во вторник, а на ждребот што ќе следи треба да биде потврдено ова што сега го објавувам. – рече Китевски.
Исто така Китевски истакна дека се преговара со неколку квалитетни ракометари кои ќе треба да го засилат актуелниот македонски првак.
Ohridnews