Металург ја совлада Ренова со чисти 2-0 и се доближи на само еден бод до лидерот на табелата Шкендија.


“Железничарите“ долго се мачеа да го скршат отпорот на актуелниот првак, тоа им успеа во самиот финиш на мечот со головите на Миле Крстев и Драган Начевски во последните минути од мечот. За гипсарите ова беше втор пораз по првите три рунди од пролетниот шампионат.

2-1 беше резултатот со кој завршија три меча. Работнички ја забележа првата пролетна победа над Х.Турново. Ќумбев и Андонов по еднаш погодија за “романтичарите“, додека поразот го ублажи Лазаревски во последната минута од мечот.


Силекс се намачи со фенерџијата Пелистер, отпорот на “чкембарите“ го скршија преку удар од белата точка во 89 минута од мечот, сигурен беше Темелков.

Натпреварот кој го водеше охриѓанецот Марјан Маркоски заврши со победа на домаќините исто така со погодок во самиот финиш на мечот. Тетекс до победата над Скопје стигна со пресврт, откако Јованоски во првиот дел ги доведе “пиратите“ во предност. Силјаноски изедначи на 1-1, а во судиското надополнување Клечкароски со дебитантскиот гол во дресот на “војводите“ осигура важни три бода во борбата за опстанок.


Единствениот натпревар без голови го одиграа Брегалница и Вардар.

Резултати : Металург – Ренова 2-0, Брегалница – Вардар 0-0, Тетекс – Скопје 2-1, Работнички – Х. Турново 2-1, Силекс – Пелистер 2-1. Шкендија – Напредок (утре).

Табела :

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 ШКЕ Шкeндијa

20  11  37:14  39 
2 МЕТ Металург

21  11  26:14  38 
3 РАБ Рaботнички

21  10  27:17  37 
4 РЕН Ренова

21  10  27:19  35 
5 ХОР Хоризонт Турново

21  10  22:19  32 
6 ТЕТ Тетекс

21  20:17  30 
7 СИЛ Силекс

21  22:24  28 
8 НАП Нaпредок

20  21:23  28 
9 БРЕ Брегалница 2008

21  11  21:29  26 
10 СКО Скoпje

21  10  20:24  23 
11 ВАР Вардар

21  13  17:32  17 
12 ПЕЛ Пелистер

21  15  16:44  12 

Наредно коло сабота, 19 март 2011

Пелистер

Шкeндијa

Нaпредок

Тетекс

Скoпje

Брегалница 2008

Вардар

Рaботнички

Хоризонт Турново

Металург

Ренова

Силекс