Македонскиот ракометен првак Металург се одлучи за новиот охридски хотелски бисер “Гарден“ како база за подготовките во Охрид. “Металурзите“ се на мини подготовки во пресрет на струшкиот ракометен турнир кој од 15 до 18 август се игра на “Женска плажа “ во Струга.


Задоволни од комлетната услуга и капацитетите на хотелот “Гарден“ од Металург најавија повторна посета во Охрид за време на зимскиот подготвителен период.

М.П.