Металург и Пелистер ќе го играат во финалето на 19 издание на македонскиот ракометен куп, што викендов се игра во Битола. Домаќинот Пелистер  до  финалето стигна по триумфот над Борец со 32-23, додека во “финале пред финалето“ Металург го победи Вардар со 26-23.


Македонското ракометно “Ел Класико“ по четври пат годинава е обоено во сино-бело.Во натпревар со многу нерви, во кој влогот беше финале, двете екипи влегоа претпазливо и помалку плашливо. Обата тима беа повеќе ориенитирани на одбраната отколу нападот па така во првиот дел беа посигнати 10 односно 8 гола.

Вардарци подобро го започнаа мечот, успеаа да ги неутрализираат нападите на “меалурзите“ и во првите десет минути ја зачуваа мрежата чиста. Првиот гол избраниците на Червар го постигнаа во 11 минута и тоа преку Мојсоски кој намали на 2-1. Дополнителен проблем за Червар беше црвениот картон на Марковски во седмата минута поради остриот старт.


–  Голем хендикеп за нашата екипа беше исклучувањето на Марковски, кој е еден од столбовите на нашата одбрана , се знае дека одбранаа е нашиот најголем адут, но и покрај тоа издржавме и најдовме соодветни решенија – истакна Червар.

Откако видоа дека тешко ке оди пробивањето по средината, се одлучија да ја отворат играта и по бочните позиции го пробиваа “црвено-црниот“ бедем. Одличниот Ангелов на голот (пет одбрани и еден седмереец) крилата Алушовски (4 гола) и Златко Мојсовски (2 гола) погодуваа за сино-белите“ кои во 22 минута ја имаа најголемата предност 7-4.

До финишот на првиот дел се играше гол за гол, па на одмор се замина со плус два, 10-8. Одморот беше добре дојден за “црвено-црните“ кои по советите на стратегот Вујовиќ усепаа да се разбудат и со мини серија од 5-2 со головите на Лајовиќ, Олевски и Пејовиќ повторно да се вратат во предност 13-12. Повторно слеудваше ровоска битка пред двата гола зачинета со многу прекршоци, по еден таков старт по трет пат на мечот беше исклучен Мркичевиќ.

Умешно “сино-белите“ го искористија играчот повеќе во поле и со погодоците на Стојчевски од пенал и Георгиевски се одлепија на “сигурни“ три 17-14. Но наместо “туш“ вардарци во живот ги врати Чурувија (7 гола) кој подеднакво беше прецизен и од линијата за седум метри и од поле, па десетина минути пред крајот повторно беше минус еден 18-17.


Адут на Червар повторно беа крилата. Мансков (четири пати) и Георгиевски (2 пати) ја тресеа мрежата на Ристевски, а погодокот на Н.Мојсоски за 24-20 го намали притисокот на нивните плеќи.

–    Видовме дека средината е збиена и одлучивме  да ја рашириме играта,  нашите крила го одлучија мечот – истакна Мојсоски.

“Шраубата“ на Димоски на три минуи пред крајот значеше крај на сите надежи за Вардарци да стигна до големото финале.


–    Честитам на Металург за влезот во финалето, тие секако остануваа најголем фаворит за освојување на трофејот. Ние во одбраната имавме некаков квалитет успевавме да парираме, а што се однесува до нападот немамве адекватни решенија за нивната одбрана, и покрај ротацијата која нон стоп ја практикувавме не успеавме да освоиме неколку клучни топки, Имавме доста технички грешки и сето тоа резултираше со пораз – рече Вујовиќ, кој остава на претседателот Михајловски да го даде конечниот збор околу неговото останување на клупата на Вардар.


Домаќинот Пелистер без поголеми проблеми го совлада аутасјдерот Борец со 32-23 и се најде во финалето во борба за шестиот трофеј во клпуската историја. Митевски со шест и Филип Лазаров со пет гола ги предводеа “зелените“ до победата.

Вo секој случај ние не сме тим кој може рутински да победиме било кого. Еден добар полуфинален натпревар на кој мислам дека заслужено ја извојуваме победата и се пласиравме во финалето – вели Шундовски.

Во финалниот меч Металург ќе го брка третиот трофеј едноподруго, додека Пелистер пет пати досега го освоил трофејот во националниот куп.

Фото Емилио
М.Постоловски