Скопски Металруг е најголемиот добитник по одиграните натпревари во 20 рунда од Првата македонска фудбалска лига.  “Железарците“ минимално со 1-0 го победија Силекс во Кратово со голот на Илијоски.


Вардар се врати во живот откако со 2-0 го победи Тетекс, Настевски и Џангаровски погодија во вториот дел, судијата Шулески во финишот на мечот го исклучи Симиќ но тетовци не успеаа да ја искористат бројчаната предност и да го ублажат поразот.

Дербито на колото меѓу Ренова и Работнички заврши без победник 1-1. Прв во предност дојдоа Маневски , за кого ова беше дестти погодок во лигата, резултатот го изедначи Статовци.

Хоризонт Турново со чисти 2-0 ја победија Брегалница, со головите на Лазаров и Стојановски од пенал.


Напредок испушти голема можност да прокнижи нови три бода , откако имаа предност преку се до финишот на мечот кога од пенал израмни на 1-1.

Најмногу голови имаше на мечот во Автокоманда, каде Скопје и водечката Шкендија ремизираа 3-3. Домашните преку Глишиќ и Аргировски имаа 2-0 предност на полувремето, “црвено -црните“ се разиграа во продолжението намалија преку Нухии, а повторно Глишиќ ги врати во предност од два гола. Во финишот на мечот Хасани од пенал намали на 3-2, а конечните 3-3 ги постави Емини.


Резултати: Пелистер-Напредок 1-1, Силекс-Металург 0-1, Скопје-Шкендија 3-3, Вардар-Тетекс 2-0, Ренова-Работнички 1-1, Хоризонт Турново-Брегалница 2-0.

Табела: Шкендија 39 бода, Металург 35, Ренова 35, Работнички 34,  . .

М.П.