Повремениот репрезентативец на Србија, Пре­драг Ве­јин е нов член на ракометниот клуб Металург. 24-годишниот ракометар висок 195 сантиметри игра на десната бековска позиција и со „металурзите“ потпиша договор до крајот на сезоната.


Вејин на десната бековска позиција ќе му се придружи на Мартин Велковски кој остана сам по заминувањето на Во­јис­лав Бра­јо­виќ од екипата. Српскиот интернационалец треба да преставува големо засилување за четата на Лино Червар за престојните мечеви во Супер лигата.

– Со ог­лед на тоа што Бра­јо­виќ си за­ми­на, а на таа по­зи­ци­ја го има­ме са­мо мла­ди­от Вел­ков­ски, имав­ме по­тре­ба од уште еден де­сен бек во еки­па­та во пре­срет на до­и­гру­ва­ње­то во пр­венс­тво­то на Ма­ке­до­ни­ја и во нат­пре­ва­ри­те во Ку­пот на Ма­ке­до­ни­ја. По не­кол­ку­те одра­бо­те­ни тре­нин­зи со еки­па­та мла­ди­от срп­ски ра­ко­ме­тар од­лич­но се вкло­пи во ти­мот и, што е мно­гу важ­но, ги за­до­во­лу­ва кри­те­ри­у­ми­те за игра во два­та прав­ца, во од­бра­на и во на­пад. – изјави Червар.

Натпреварите од плејофот во Супер лигата и Куп натпреварите ќе започнат од април месец. Меѓу учесниците во плејофот ќе биде и охридскиот состав кој не промени ништо во својот ростер.

OhridNews