Фудбалскиот клуб „Металург“ е изненаден од жестината на нападите на кои биле изложени фудбалерите, стручниот штаб и членовите на управата на клубот од страна на претставниците  на ФК „Напредок“ и други неслужбени лица.


„За нас од неразбирливи причини, во текот на целиот натпревар во Кичево, пред и после, врз нашите фудбалери, стручниот штаб и членовите на Управата се вршеше континуиран притисок, проследен со вербални закани и кошкање, сè со една намера – овој натпревар да се добие на нерегуларен начин и да се предочи дека и наредниот натпревар кој нè очекува во среда ќе биде исто таков или уште поагресивен, сè со цел Напредок да го елиминира Металург од натамошните борби во Купот“, се вели во писмената изјава на ФК „Металург“ упатена до медиумите.

Од скопскиот клуб посочуваат дека на тој начин се прави притисок пред претстојниот натпревар за Купот што во среда повторно се игра во Кичево.

ohridnews