Екипата на Металург на својот стадион „Железара“ со новиот тренер Марјан Герасимовски ги започна подготовките за следната сезона.
Герасимовски, кој беше дел од стручниот штаб на Металург го наследи Срѓан Захариевски по завршувањето на неговите обврски со клубот од Автокоманда.
– Не очекува тешка сезона, но верувам дека ќе биде плодна. Иако сме млад тим поискусни сме за една полусезона во која бев со вас и во која за мене лично оставивме добар впечаток со оглед на тоа дека бевме најмлади од сите клубови во Прва лига. Ви посакувам здравје и добри подготовки. Почнуваме силно со голем интезитет и верувам дека ќе се подготвиме добро за новата сезона. – рече Герасимовски на прозивката.
Меѓу триесетината „зелено бели“ фудбалери беше и охриѓанецот Дејан Лескароски, кој поради повреда ја пропушти пролетната полусезеона од минатогодишниот шампионат.
„Металурзите“ главните подготовки за престојната сезона ќе ги одработат во Охрид од 9 до 19 јули.
Ohridnews