Македонскиот шампион Металург со 26-23 го совлада белорускиот шампион Динамо Минск во финалето на 40 јубилеен ракометен турнир во Струга.


Избраниците на Лино Червар стигнаа до трофејот откако отпорот на цврстите белоруси го скришија во финишот на мечот.

За најдобар играч на финалето беше прогласен Миркуловски кој со седум гола беше најпрецизен во тимот на Металург.  Најпрецизниот со десет гола на мечот Атман беше прогласен за најдобар во тимот на Динамо.