Скопски Металург во Охрид се подготвува за што подбар настап во Лигата Европа. “Металурзите“ одиграа еден пријателски меч со албанскиот Фљамуртари, кој заврши со триумф на гостите од 1-0.
-Задоволен сум од првиот натпревар со силен противник , она што во моментов и ни треба. Со странски екипи, првата препрека е она што не очекува на 5 јули, првиот натпревар во лигата на Европа. Досега се засиливме со Далчески, Каланоски и Ристоски, се работи за млади фудбалери кои имаат прволигашко искуство , а целта на Mеталург е да го обновуваме кадарот со млади фудбалери – вели Христов.
Капитенот Крстев посакува трета среќа за “железарците“ во еропската Лига. – Имаме добри услови за работа, одигравме и една средба, имаме уште две недели да се подготвиме за мечевите во Лига Европа, мислам дека добро ке се преставиме во Лигата Европа. Секој противник е тежок, кого и да го добиме мора да се одигра максимално борбено и мислам со малку среќа да го поминиме тоа прво коло. Ова ќе биде наш трет обид. Во првиот пат не успеавме против Карабах, лани бевме поразени во контраверзен меч во Софија, додека годинава очекувам да го минеме првото коло – вели капитенот Крстев
Покрај досега договорените засилувања во тимот на Металург на подготовките во Охрид покрај Начевски се приклучија три нови имиња и тоа Пеев, Аломеровиќ и Никитовиќ.
фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com