Металург загуби од Динамо Минск со 27:21 (12:10). Кај Металург најпрецизни беа: Мојсовски Наумче со 6, Ракчевивиќ Младен 4 и Левов Милан со 3 гола.За Динамо Минск најмногу погодоци постигна Онифриенко Сергеј (6), додека Атман Павел и Рутенка Джанис дадоа по 5 гола
Во останатиот натпревар во групата домаќинот Порто го совлада Запорожје од Украина со 27:20.
Денеска ракометарите на Металург играат против домаќинот Порто со почеток во 16 часот, а в недела за противник го има Запорожје.
Само првопласираната екипа од групата ќе се пласира во Лигата на шампионите.










