Македонскиот ракометен првак Металург загуби во првиот натпревар од  квалификациската група за влез во Лигата на шампионите во Порто и драстично ги намали шансите за пласман во елитата.

Металург загуби од Динамо Минск со 27:21 (12:10). Кај Металург најпрецизни беа: Мојсовски Наумче со 6, Ракчевивиќ Младен 4 и Левов Милан со 3 гола.

За Динамо Минск најмногу погодоци постигна Онифриенко Сергеј (6), додека Атман Павел и Рутенка Джанис дадоа по 5 гола

Во останатиот натпревар во групата  домаќинот Порто го совлада Запорожје од Украина со 27:20.

Денеска ракометарите на Металург играат против домаќинот Порто со почеток во 16 часот, а в недела за противник го има Запорожје.

Само првопласираната екипа од групата ќе се пласира во Лигата на шампионите.

Ohridnews