Актуелниот ракометен прак, Металург, скопските горештини ги замени со охридското крајбрежје каде во идеални временски услови може да се подготвуваат за новите предизвици во наредната сезона.


–    Подобро за нас далеку посвежо, овие услови ни одговараат, треба да се приклучуваме на тактичкиот дел, прво на струшкиот турнир потоа и во Хрватска, имаме двајца нови ракометари од задната линија, така што ќе треба дополнително да се работи на тактичко техничките воигрвуања на тимот – вели Наум Мојсоски, лидерот во тимот на Лино Червар.

И лани и годинава Металург кон Лигата на шампиони ќе тргне од квалификациите. Лани успеа да стигне до топ 16 фазата каде беше елиминиран од хрватскиот Загреб.

–    Очекуваме да бидеме во некоја друга улога, да бидеме во привилегирана група поготово по банкротот на Копенхаген ќе добиеме шанса да одиме директно во група, но ништо од тоа не се случи. Не очекуваат натпревари во Норвешка и секако мора да се помине таа група. Првата пречка ние е австрискиот првак што воопшто не е за потеценување. Мора да се подготвуваме прво за тој меч, а тек потоа да мислиме за финалето . Хаслум не е тоа што беше и очекувам дури и украинскиот тим да направи мала сензација. Во секој случај мора да бидеме подготовени за сите екипи – вели Наум Мојсоски , еден од водечките играчи во клубот.


Амбициите на скопскиот тим се одбрана на титулата во домашниот шампионат како и пласман во Лигата на Шампиони. По квалификациите на Мундијалот во Шпанија, македонската ракометна репрзентација е на прагот на нов квалификациски циклус за европскиот шампионат кој започнува во октомври. Македонија е во група со Швајцарија, Португалија и Шпанија.

–    По пласманот на Светскиот шампионат, ги вртиме мислите кон квалификациите за европскиот самит. Мошне важен е стартот на овие квалификации, првиот меч со Швајцарија дома и Португалија таму, доколку успеема да триумфираме на овие два меча сигурно дека пласманот ќе биде се по реален – завршува Мојсоски. .

фото : Емилио
М.П.