Во текот на ноќта и утре, особено претпладне, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Дневната температура ќе опадне за околу 6 степени, информира УХМР Македонија, во вонредното метео предупедување.
Во следниот период не очекува стабилно и топло време, освен во среда, кога ќе има услови за локална нестабилност, соопшти УХМР Македонија.
OhridNews