Метеорските дождови се најспектакуларни во август. Врвот тие ќе го доживеат вечерва кога на небото ќе може да се видат десетици а на моменти и до 100 „ѕведзи што паѓаат“, таканаречени Персеиди во еден час.

Бидејќи месечината е млада и нема преголема светлина на небото, условите за набљудување на оваа природна појава се речиси идеални.

Метеорскиот дожд Персеиди се јавува кога земјата минува низ орбитата на Свивт- Татловата комета, која го заобиколува Сончевиот систем секои 133 години.

OhridNews