Меѓународен конгрес на медицинските сестри и Националниот самит на сестрински здруженија, асоцијации и федерации, од утре до 4 октомври 2026 година ќе се одржи во Струга, во организација на Сојузот на ЗМСТАС на Македонија, предводен од ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија.

За свеченото отворање се најавени поздравни обраќања од Сашо Клековски, министер за здравство на Република Северна Македонија; м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Сојузот на ЗМСТАС на Македонија и ЗМСТАС „ЗА НАС“ на Македонија и доц. д-р Адриано Фригановиќ, претседател на Европската организација на медицински сестри со специјализација (ESNO).
Во рамки на тридневната програма ќе бидат опфатени значајни теми поврзани со современото сестринство, безбедноста на здравствените работници, развојот на здравствените системи, дигитализацијата и примената на вештачката интелигенција во здравството, како и меѓународната соработка.
OhridNews










