Меѓународен турнир во кошарка – Охрид 2025 год. во организација на кошаркарскиот клуб Колибри – Охрид ќе се одржи од денес до 13 јуни во спортската сала „Билјанини Извори“. На турнирот учество ќе земат девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16.
Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи од Р. Србија, Р. Црна Гора, Р. Албанија и Р. С. Македонија во предвидените натпреварувачки генерации, нешто повеќе над 300 деца, велат од клубот.
На свеченото отворање денес во 18 часот најавуваат обраќања од градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и почесниот конзул на Р.Србија во Македонија, Михајло Филев.
Инаку, турнирот се одржува четврта година по ред, а КК Колибри оваа година бележи 22 година постоење.
OhridNews