Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, сооптши дека вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, доставил предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Како што е наведено во соопштението, откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување.

Како што веќе информиравме, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донел Кривичниот суд.

Од МВР потврдија дека му е дореден куќен притвор и оти се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.

OhridNews

Одреден куќен притвор за Мијалков, полицијата трага по него