Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информира УХМР.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 27 степени.
Во петок слично време, сончево и топло, со услови за изолирана појава на нестабилност попладне проследена со дожд, град грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени.
Г.М.











