Со 23 медали од кои 4 златни, 10 сребрени, 9 бронзени и пехар за најдобра кадетка се закитија теквондистите од Македонската традиционална таеквон-до федерација на натпреварот „ГРАН ПРИ Зворник 2025″ кој се одржа во БиХ. Станува збор за еден од најпрестижните натпревари во регионов за пролетната натпреварувачка сезона каде силите ги одмерија 405 натпреварувачи од клубови од 10 земји од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Молдавија, Италија, Словенија, Хрватска, Унгарија и БиХ.
МТТФ на овај натпревар настапи со 18 натпреварувачи од клубовите ТК “Хва Ранг Итф” Лескоец- Охрид и од ТК “Сонкал “Мислешево- Струга, повеќето дебитанти кои изненадија со одлични резултати, со оглед на нивното искуство, осовјувајќи вкупно 23 медали и пехар за најдобра кадетка Миа Танеска, вели Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ.
Помладите натпреварувачи, посочува Лазаревски, поради добрата мотивираност од страна на Владимир Димитириевиќ (осовјувач на медал од последното Европско првенство) и со желба за место во првиот состав на МТТФ, го дадоја својот максимум, но поради неискуство многу финални борби загубија.
Очекувањата за успех беа многу помали, но убаво е чувството кога ќе бидеш пријатно изненаден од нивната пожртвуваност и храброст. Миа Танеска која е во репрезентацијата на МТТФ, докажа дека нејзиното место е заслужено, осовјувајќи златен медал во форми, сребрен медал во борби и пехар за најдобра кадетка на овај престижен натпревар, додава Лазаревски упатувајќи благодарност до Генералниот спонзор ПН МЕТАЛ, Општина Охрид и Министерство за Спорт.
Резултати по клубови:
- ТК „Хва Ранг Итф” Лескоец- Охрид освои 3 златни, 6 сребрени, 8 бронзени и пехар за најдобра кадетка.
- ТК „Сонкал “Мислешево- Струга освои 1 златен, 4 сребрени, 1 бронзен.
OhridNews