Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ денес на увид на градежните активности на повеќенаменско игралиште во село Велгошти.
Активностите за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште во Велгошти започнаа минатиот месец, а како што информираа на почетокот на активностите од локалната целта е овозможување на вистински можности за правилен раст и развој за најмладите.
Со реализацијата на ова игралиште ќе се поттикнат и активираат младите да се дружат и да развиваат здрави навики, наведоа од локалната.
OhridNews













