Поминавме четири години како ВМРО-ДПМНЕ на реформи, на трансформација, што беше многу важно. Денеска после четири години, ВМРО-ДПМНЕ повторно е на победнички патеки. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата пратеничка група во парламентот, најголем број на градоначалници во општините, најголем број на советници, изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на 17. Конгрес на партијата, што се одра денеска, беше реизбран за претседател.

Затоа инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори, затоа што народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а народот гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Она што е важно и што треба да го кажеме е дека сиромаштијата е се поголема, народот има проблеми со енергетиката, со струјата, економијата, не владее правото, криминалот и корупцијата се сеприсутни, катастрофа е во здравството, во образованието. Буквално на било кој план имаме многу лоша и траорна состојба во нашата Македонија, вели Мицкоски, кој беше единствен кандидат на Конгресот за нов претседател на партијата.
Ако поминавме четири години за внатрепартиска трансформација и реформи, нагласи тој, следат сега реформи за да се врати Македонија онаму каде што и е местото, а тоа е на победничките патеки.
OhridNews











