Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“ за формирање на идна влада.

Претседателот Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада. Според заклучокот на состанокот разговорите треба да се водат на основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews












