Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од резултатите во туризмот во првиот квартал и очекува бројката на странски гости да расте и во вториот. Планот на Владата e годинава да се стигне до четири милиони ноќевања, посочи Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање во врска со објавените бројки за туризмот од Државниот завод за статистика.
Можам да кажам дека во првите четири месеци туризмот, односно бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% споредено со истиот период од лани, и во април, но и во првите четири месеци. Но и структурата на туристите се променува. Сега гледаме веќе туристи коишто се од Германија, од Франција итн. Од она коешто го знам од туроператорите за следната година се планира најмалку половина милион ноќевања, надвор од сезоната во Охрид. Што навистина ќе значи многу за нас како земја.
Минатата година, посочи Мицкоски, имавме рекордни милиони двесте илјади туристи регистрирани, со околу 3,5 милиона ноќевања.
Оваа година целта ни е да стигнеме до 4 милиона ноќевања и до милиони и пол туристи. Првите параметри се добри и да ме радува тоа што продолжува во првиот месец од вториот квартал, во април скоро 21% е зголемен бројот на странски гости, за скоро 20% ноќевањето од странските гости, што ќе биде добар инпут за бруто-домашниот производ во вториот квартал, додаде Мицкоски.
OhridNews