ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како е задоволен од акцијата за намалување на училишниот прибор.

Владата на седница донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е на големо или на мало, а репер е цената од 1-ви јуни 2025 година. Задача е на трговците да означат која била цената на 1-ви јуни 2025 година и врз база на тоа да обезбедат попуст помеѓу 10 и 15% и да истакнат на влезот од продавницата натпис во којшто има „Помалку трошоци, повеќе за граѓаните”. ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, потенцираше премиерот Мицкоски.

OhridNews