Повеќе од 100 мигранти на германскиот брод за спасување, кој беше заробен на море веќе една недела, добија дозвола да го напуштат во Сицилија откако италијанската полиција го конфискува бродот во понеделникот.

Капетанот на бродот претходно бил упатен кон сицилијанското пристаниште Позало поради вонредна состојба предизвикана од лошите временски услови, а инцидентот предизвикува нови несогласувања меѓу спасувачите и екстремно десничарскиот министер за внатрешни работи на Италија.

Капетанот на бродот, Клаус-Питер Реиш, претходно изјави дека решил да влезе во италијанските води и да побара засолниште поради невремето.

„По осум дена чекање засолниште, по безброј обиди да се убедат државите да се грижат за сите 104 лица, вечерва времето пресече“, пишува во твитот.

Аксел Стајер, шеф на германската спасувачка мисија која управува со бродот, за „Ројтерс“ изјави дека луѓето што се наоѓаат на бродот биле накиснати и изложени на ризик од хипотермија. Фотографиите од бродот објавени на социјалните медиуми покажуваат како мигрантите седат доближени едни до други на палубата под дождот.

OhridNews

Макфакс