После четиримесечна борба и примање на сите потребни терапии, Синиша Михајловиќ ја преброди болеста леукемија која му беше дијагностицирана во јули месец. Српскиот стратег на официјална пресконфенреција за прв пат јавно зборуваше за болеста, препреките и за поддршката која добиваше од најблиските, докторите и целата фудбалска јавност.

Четири тешки месеци се зад мене. Бев сам во болница, каде примав хемотерапија и издржав поради силниот карактер. Во моментите кога се бориш за живот потребна е голема ментална сила и стабилност. Јас сево ова го црпев од фамилијата и докторите во болницата на кои им го должам животот. Јас сум горд на момците. Без разлика каде и како ќе заврши сезоната ние се обединивме и покажавме работи кои се многу повеќе од фудбал. 

Никој повеќе од докторите не знаат подобро за боелста и како се третира и лекува. Уште еднаш им благодарам и им посакува се најубаво во животот. Без нив, никогаш немаше да го преживеам ова и да застанам вака пред сите вас да зборувам како победник. Последен пат овде на ова место зборував за мојата болест, а сега зборувам како сум ја пребродил болеста. – изјави Михајловиќ.

Во фазата на лекувањето на Михајловиќ му била пресадена коскена срж од дарител кој го нарече ангел чувар. Михајловиќ веројатно уште нема да ја води Болоња од клупата која во ниту еден момент не побара замена за српскиот фудбалски стручњак.

OhridNews