Првите прогнози за шансите тренерот Синиша Михајловиќ (50) да ја победи леукемијата ќе бидат познати до крајот на неделава, пренесуваат српските медиуми. Тренерот на Болоња од средината на јули се наоѓа во болницата „Санта Орсола Малпиги“ во Болоња, а во наредните 5 дена би требало од лекарите да ги добие првите проценки за тоа во која насока ќе се насочи неговото лекување.

Михајловиќ во моментов се наоѓа во еден вид на карантин, а лекарите постојано се грижат за неговото здравје. Тој пред 8 дена ја заврши првата фаза од хемотерапијата.

  • Првите прогнози и новите резултати од крвта би требало да се готови до крајот на неделава, најдоцна до почетокот на следната. Се разбира, не може да се излечи со една инекција, тоа е долг процес. Откако ќе стигнат прогнозите, Михајловиќ и понатаму ќе продолжи со терапија. Во болница ќе остане уште некое време. Првата фаза на лекување со хемотерапија помина без компликации, во склад со очекувањата на докторитe. – вели неименуван извор, пренесуваат медиумите во Србија.

Италијанските медиуми пренесуваат информации дека Михајловиќ не ги запоставил обврските во Болоња. Тој е во постојан контакт со помошник тренерот кој моментно ги води подготовките на клубот во Австрија.

OhridNews