Во рамки на крводарителската акција која се одржа по повод Светскиот ден на здравјето, организирана од страна на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Црвен Крст Охрид, успешно беше исполнета потребата за крвни единици за период од три месеци.


Меѓу бројните граѓани кои даруваа крв, се најдоја и претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов и Дејан Паноски, кои решија да даруваат од скапоцената течност која живот значи.


– За миг се заборави на етничката, верска, политичка или друга припадност, а хуманоста беше во прв план, вели претседателот на УМС на ВМРО- ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев, задоволен од одзивот на граѓаните.

OhridNews