На претходно одржаната прес- конференција во општинскиот комитет на партијата, Михаилов постави неколку прашања на кои побара одговор од локалната самоуправа и градоначалникот.
– Каде се седумте потрошени буџети, во вредност од 50 милиони евра, ако се знае дека во Охрид седум години не е направен ниту еден капитален објект. Како се создадени нови долгови од околу 15 милиони евра , кога градоначалникот тврдеше дека пред три години ги сервисирал долговите. Зошто од страна на општината се блокираат проекти кои сака државата да ги направи во Охрид, меѓу кои- проектот за изградба на Здравствен дом, покриен базен, реновирање на спортската сала во село Велгошти, изградбата на нови игралишта, кои се заглавени во локалната самоуправа. Колкава е нанесената штета од оваа локална самоуправа и мнозинството во советот од пазарењето со гласовите за урбанистичките решенија кои самиот градоначалник ги откри со една неспретна изјава, рече Михаилов.
Михаилов постави прашање каде се и околу 15 милиони денари средства од општинскиот буџет наменети за ТЛЕР, потенцирајќи дека единствена инвестиција во Охрид која била направена од овој сектор е бумерангот кој бил донесен од патување во Австралија.
– Колкава е вината на јавното претприе МЈП Проаква и локалната за сите проблеми кои се случуваат сега со водоснабдувањето. До кога локалната ќе зема пари од вработените во админситрацијата за да ги покриваат своите сметки, рече Михаилов.