Претседателот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, во присуство на членови на партијата, меѓу кои и првите луѓе на неколку јавни институции во Охрид, одржа прес конференција пред седиштето на комитетот.


По циркусот кој вчера се случуваше низ Охрид сакам во име на ОК на ВМРО- ДПМНЕ да им порачам на политичките противници дека ваквото нивно однесување ќе биде казнето уште еднаш, на наредните парламентарни избори. Кога и да се случат, охридската ВМРО- ДПМНЕ ќе му нанесе уште еден убедлив пораз на нашиот политички противник во Охрид. Ние ќе славиме вечерта на денот на одржувањето на изборите и уште еднаш ќе биде потврдена народната поговорка- кој последен се смее, најслатко се смее, рече Михаилов.

Ohridnews