– Во 2009 СДСМ и Петрески повторно ветија дека во Охрид ќе изградат модерен пазар и пак излажаа. Впрочем тоа е нивен стил на работење. Пазарот остана ист. Веројатно и во 2013 Петрески и СДСМ, повторно ќе ги излажат граѓаните на Охрид дека ќе изградат модерен пазар.Ветија и многу други работи и не ги остварија. Постојано бараат изговори дека ги кочеле од централната власт и за тоа лажат, изјави претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
Како што истакна Михаилов, иако општина Охрид не ги исполнувала условите за влез во втора фаза на децентрализација, централната власт му дозволила на Охрид да помине во истата и покрај блокираната сметка и повеќето од 15 милиони евра долгови на општината.
– Сега ќе се повикуваат дека централната власт не им го одобрува Генералниот урбанистички план. Цел Охрид знае дека не е вистина, бидејќи СДСМ и Петрески нацртаа згради секаде каде што најдоја зелена површина, рече Михаилов.
Тој побара одговор на прашањето- каде се потрошени повеќе од 50 милиони евра пари на граѓаните, а при тоа не е изграден ниту еден капитален објект. Потенцира дека Охрид ќе добие современ пазар, но од страна на градоначалник и совет предводен од ВМРО- ДПМНЕ, партија која своите ветувања ги остварува.