Општинската ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција одржана пред капиите на некогашниот текстилен гигант „Отекс“, потсети, на како што беше речено, последиците од транзицијата спроведена од Бранко Црвенковски и неговите неисполнетите ветувања дадени на 15-ти септември пред 8 години.

-Денес на 15-ти септември, ден на кој во Македонија се случи најголемата лага од страна на Бранко Црвенковски кон сопствените граѓани дека ќе имаат вработување на по еден член од секое семејство, дека Макдонија ќе тргнела со нив напред, дека економски ќе зајакне, граѓаните добија само уште потврда дека лицето Бранко Црвенковски и неговата СДСМ никогаш не и мислеле добро на Македонија. Ни кога и го сменија името, ни кога и го сменија знамето, ни кога ја ограбија со криминална приватизација и го создадоа кошмарот наречен транзиција, истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, Атанаско Михаилов.

Михаилов додаде дека пандан на Бранко Црвенковски на локално ниво е градоначалникот Александар Петрески, кој создал урбан хаос и придонел за туристичка деградација на градот.

OhridNews