Вечерва претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, Атанаско Михаилов, пред симпатизерите и подржувачите, објави дека владејачката партија има голема предност во Охрид пред опозициската коалиција.

Тој потенцира дека разликата во гласови во однос на СДСМ, покажува дека охриѓани се определиле да ја почитуваат работата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата во гласови ја покажува точно таа вистина. Во моментов, иако не се преброени сите гласови, имаме отприлика 8000 гласови разлика на парламентарната листа во однос на СДСМ и 6500 разлика на листата за кандидат за претседател. Тоа покажува дека во Охрид граѓаните се определија дека ја почитуваат работата на ВМРО-ДПМНЕ, дека ги почитуваат одлуките на оваа Влада.“ – рече Михаилов.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид, изјави дека охриѓани покажале голема демократска свест, бидејќи изборите поминале во фер, коректна и демократска атмосфера без ниту една забелешка од избирачките места.

Ова е еден од примерите кога изборните резултати претставуваат одраз на волјата на граѓаните. Овој резултат е одраз на чесното, искреното работење, кое граѓаните на Охрид знаат да го ценат.“ – изјави Михаилов.

Симпазитерите на ВМРО ДПМНЕ, вечерва на градскиот плоштад почнаа да ја прославуваат победата на нивниот кандидат за претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, како и победата на предвремените парламентарни избори.

Според аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ, на претседателските избори од досега обработените резултати Ѓорге Иванов во Охрид освоил 16.864 гласови, а Стево Пендаровски 11.211.

На парламентарните избори ВМРО ДПМНЕ од досега обработените резултати во Охрид освоила 12.455 гласови, а СДСМ 6.361.

OhridNews