Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ и директор на Центарот за јавно здравје во Охрид, ги оцени како невистинити и тенденциозни наводите на ВМПРО НП, која него го обвини дека често патува на семинари во странство, водејќи со себе едни исти луѓе.
Според него нападите на ВМРО – НП се темелат на лаги и манипулации и се политички мотивирани, посочувајќи дека целта на неговото неодамнешно службено патување во соседна Србија било стручно доусовршување.
-Директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Атанаско Михаилов е лекар, кој покрај тоа што е претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, е стручно лице кое според сите позитивни прописи на Министерството за здравство и Лекарската комора има право, обврска, а и мотивираност да учествува на семинари, конгреси, стручни работилници, на кои се стекнуваат знаења за нови средства, методи, нормативи и директиви на меѓународните здравствени и други институции, знаења кои треба да се имплементираат во работењето на институцијата којашто ја раководи. Таков конгрес и стручна работилница, на којашто предавачи и обучувачи се врвни лица од светската превентивна медицина, се одржа во Нови Сад, каде учествуваше и д-р. Атанаско Михаилов, се вели во реакцијата на директорот на Центарот за јавно здравје.
На конгресот и работилницата се расправало за испитување на квалитет на површински води, испитување на квалитет на вода за пиење (нови методи и средства) и испитување на амонијак, нитрати и нитрити во вода, теми коишто се непосредна обврска на Центарот за јавно здравје – Охрид, објаснува Михаилов.
-Стручното усовршување и напредување во својата професионална кариера ќе го продолжам и понатаму, а медиумите ќе ги поканам да присуствуваат на Меѓународниот Конгрес од областа на превентивната медицина, кој ќе се одржи во Охрид во месец октомври, со меѓународно учество, каде темите ќе бидат повторно од превентивната медицина, додава Михаилов.
Во неговата реакција уште се вели дека тој во иднина нема да реагира на нестручни, некомпетентни и политички мотивирани соопштенија.
Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“ во Струга беше одржана работилница организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИ...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
По повод јубилејот, 80 години од своето основање, Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ, ги додели годишните новинарски награди, одбележувајќи осум децении континуирана и посветена работа во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.