Стратегот на охридските “бели“ Горазд Михајлов се повлече од клупата на охридскиот прволигаш Охрид 2004. Михајлов преку соопштение до јавноста ги објасна своите причини поради кои го напушти охридскиот состав.
фудбалерите на Охрид продолжуваат понатаму без Михајлов
Во соопштението кое ви го пренесуваме во целост се вели :“Имаше ветување од челните луѓе дека се ќе биде во ред и затоа се нафатив да го преземам кормилото на ФК Охрид. Но, од ветувањата до ден денеска нема ништо, иако беше најавено дека барем дел од долгот-платите ќе им бидат исплатени на фудбалерите пред мечот со Работнички.
Сепак и во една таква ситуација успеав да ги мотивирам фудбалерите да согоруваат на теренот и да играат борбено и полетно. Шансите говорат колку бевме надмоќни. Тоа што не постигнавме гол е навистина штета, зашто бевме на прагот на победата. И самите луѓе од Работнички го признаа, дека никогаш досега не биле надиграни како досега и дека сето ова што го правам заедно со мојот стручен штаб составен од Ѓорески Зоран – Џајо, кондициониот тренер Борче Лазарев, Миле Цветановски тренер на голмани и физиотерапевтот Горан, е еднакво на феномен, имајќи во предвид во какви услови работиме и дека дел од играчите не се исплатени повеќе од 6, 7 месеци. Кога ќе се земе предвид дека не ни беше досуден и пенал, а за иста таква дури и помала грешка беше досуден пенал за противникот, јасно зборува колку немавме среќа и колку судијата влијаеше врз конечниот исход на мечот.
Би сакал да се навратам на еден момент, по убедливата победа против 11 Октомври сред Прилеп, во најфудбалскиот град во Македонија, прилепската публика знаеше на максимално коректен спортски начин да не наградат со неколкуминутен аплауаз, додека претседателот Малезанов кој присуствуваше на тој натпревар не најде за сходно да дојде во соблекувалната и да им честита на играчите за прикажаното .
Пред мечот со Работнички размислував на ваков потег, но и по поразот, се солидаризирав со играчите и по тој пораз се обидов да ги вратам во игра со дигната глава и да ги водам и на следниот натпревар во Кичево против Напредок. Но како да слутев дека тоа ќе биде и мојот последен натпревар како тренер на Охрид. На овој натпревар дури немавме клубски преставник што за еден прволигаш е незамисливо, но и тоа се случува за жал.
Но да се вратам на луѓето од управата Малезанов и Атанасов. Корените се многу подлабоки: челните луѓе одвреме навреме доаѓаа и ветуваа. Од тоа ништо немаше, а не успеаја – како сите други клубови, да обезбедат подготовки,иако ветуваа подготовки во Сандански и ред други места. За да создадам некоја атмосфера успеав да издејствувам шест-седум дена условно речено заеднички подготовки во Охрид, со сместување во станови, се со цел екипата да биде заедно и да се чуствуваат како екипа. И тука, на сметка на мојата работа-жртвував многу, само да се заштеди за клубот.
Имаме играчи од надвор ,Скопје, Струга и од Србија и Словенија ,кои мораа да се снаоѓаат сами , дури и родителите да им испраќаат парична помош за да се чувствуваат достоинствено и функционираат како нивните врсници. А, тие божем професионални фудбалери – со празни џепови.
Незамисливо е за еден фудбалски професионалец да живее со тоа дали ќе има за јадење, да стрепи дека ќе го избркаат од станот во кој е сместен или дека кога ќе дојде во станот ќе наиде на темнина поради нерасчистените сметки со струјата. Не можам да сфатам како немаат човечност да се јават и да го прашаат самиот фудбалер, како се чуствува кога на еден од последните тренинзи пред шампионатот ја скрши ногата, а тоа го немаат сторено и до ден денес, навистина нечовечки и нехумано.
Жал ми е што се решив на еден ваков чекор, зашто цела зима со моите соработници и играчите, пеколно работевме и нашата игра доби физиономија, станавме препознатливи само со овие почетни три натпревари. Ако, имавме нормални услови кој знае до каде ќе стигневме, зошто во Охрид има квалитет и перспективни играчи во Џалески, Мартиноски, Далчески, Клечкароски, Блажевски, Каланоски и останатите.
Играчите стојат зад мене, но јас нема да ги повлечам, им советувам да останат во клубот и да продолжат со работа. Тоа што на сите нас, посебно мене – некој сака да ни импутира некои работи, тоа е нивни проблем. Не сакам да бидам жртва на нечии игри, на стартот од мојата кариера во Македонија, па затоа во една ваква беспомошна средина која се фаќа за сламка за да се спаси, не гледам резони да останам. Охриѓани сами нека заклучат што им се случува со клубот, во чии раце го препуштија? А, тоа кој сум јас и каков е мојот карактер, најдобро зборува мојата сплотеност со фудбалерите. Но, се има свој крај. Па дојде крајот и на мојата тренерска епизода во Охрид. Жално е што во овој наш најпопуларен туристички центар и кај градските фактори нема слух за фудбалскиот прволигаш, но ете луѓето така мислат и јас не можам да ги сменам. Што се однсува до мене, во изменети услови – за кои се борат и славните охридски фудбалски имиња како Спасоски, Бакулески и Заров, секогаш сум подготвен заедно со истите мои соработници, на кои им благодарам на соработката и трпението, да дојдам во Охрид и да го продолжиме она што го започнавме.
Вака, кога со клубот манипулираат луѓе, со други цели, а не фудбалски, нема иднина. Дури и сега гледам – зошто се лутам на судиите, зошто барам ако ништо повеќе заштита и чесност од нивна страна, кога истата ја немаме во клубот од нашите луѓе.
Им благодрам на сите они луѓе кои во овие изминатите 3 месеци беа покрај нас и со нас и би сакал да му се заблагодарам на Зоран Ѓорески -Џајо, зашто навистина е голем човек, педагог, жртва за Охрид и секако голема благодарност до останатите луѓето од стручниот штаб кои беа и стоеа секогаш со мене и на играчите кои максимално и професионално ги извршуваа задачите зададени од мене и стручниот штаб. На фудбалерите и идниот тренер им посакувам успех во останатиот дел од шампионатот и секако да обезбедат опстанок во елитното друштво, но не со оваа управа и луѓето кои му мислат лошо на фудбалот во Охрид.
На турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта претстои финалната завршница по групи по што ќе бидат познати сите учесници во нокаут дазата Вечерва на програмата беа четири средби Резултати 30062025,...
Уште една ефикасна вечер на турнирот во мал фудбал Петровден – Мешеишта На програмата беа четири натпревари, се одиграа три, а беа постигнати 18 гола Резултати 29062025, недела Петровден Меше...
На јубилејното 50-то издание на турнирот во мал фудбал Петровден-Мешеишта, вечерва се одиграа 4 натпревари од фазата по групи, на кои беа постигнати 13 гола Резултати 28062025, сабота Зурли и тапан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.