– Шансите да играме во Нови Сад се мали но постојат. Нема да барам да ги преместуваме натпреварите на Србија поради навивачите кои не и мислат добра на репрезентацијата. Но ако свирите повторно ќе одиме во друг не е проблем. Не сакам моите фудбалери да се чувствуваат како да се криминилци или пак да не се осеќаат добро во националниот дрес – посочи селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ.
Во наредни натревари од мундијалските квалификации Србија на домашен терен ја пречекува Белгија потоа гостува во Македонија.
– Мене ми е важно фудбалерите во секој момент да знаат што работат. И да не победевме против Велс немаше да ми биде криви него напротив ми беше мило што фудбалерите беа координирани, дисциплинирани и знаеаа што сакаат. Како селекторо не гледам само на резултат него малку и подалеку – заврши Михајловиќ.
Србија со четири бодови и благодарение на подобрата гол разлика е на првото место во групата.