Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Синиша Михајловиќ, изјавил дека на функцијата не дошол поради финанскиска корист и дека ќе поднесе оставка доколу не избори пласман на Светското првенство.

Тој потенцира дека неговата совест е чиста и дека нема никаков проблем со што се анализира за неговата работа и учинокот на репрезентацијата во досегашниот тек од квалификациите.

Михајловиќ не бил изненаден што по поразите од Белгија и Македонија, во јавноста се критикува неговата работа. Српскиот селектор се согласува дека резултатите на последните две квалификациски средби се далеку од задоволителни.

„Поразот од Белгија, со оглед на тоа како одигравеме е превисок. Одигравме одлично 60 минути, а во последните 30 минути не наликувавме на екипа. Тоа најмногу ме боли. Против Македонија дојде до психолошки пад, а и со многу страв влеговме во тој натпревар. Поразот против Македонија боли повеќе од оној против Белгија поради начинот на кој дојдовме до него“, истакнал Михајловиќ.

Предводникот на српската репрезентација потенцира дека нема никаков проблем помеѓу него и најсикусните Коларов и Ивановиќ, кого го критикуваше по поразот од Белгија.

„Ивановиќ е нашиот капитен само треба да го работи она што ќе му се каже. Не сакам тие двајца да добијат натпревар, туку да не го загубат. Одлично е доколку Коларов постигне гол од слободен удар, а Ивановиќ по корнер, но тие се бекови, а не крила и најпрвин треба да го одбранат својот гол. Доколку тоа не го исполнат тогаш јас морам тоа да им го кажам“, дополнил Михајловиќ.

Поранешниот тренер на Катанија и Фиорентина е оптимист за понатамошниот тек од квалификациите, иако Србија по четири кола има минус од шест бодови, во однос на Белгија и Хрватска.

„Доколку одиграме како против Велс и поголемиот дел од мечот со Белгија, тогаш можеме се. Доколку играме уплашено како против Македонија тогаш имаме мали шанси. Кој вели дека не можеме да ја победиме Хрватска во Хрватска. Додека математиката не нè исфрли, јас и моите играчи веруваме во пласман. Покажавме дека секого можеме да победиме, но и дека можеме од секого да загубиме“, заклучил Михајловиќ.

Србија загуби од Македонија на 12. октомври со 1:0, а четири дена претходно во Белград, Белгија победи со 3:0.

На табелата во А групата за пласман на СП водат Белгија и Хрватска со по 10 бодови, шест бодови помалку имаат Србија и Македонија, на последните две места се Велс со три, односно Шкотска со два бода.

“макфакс“
Ohridnews