Селекцијата на Србија со убедливи 6-1 славеше над Велс и се најде на првата позиција во групата А каде се наоѓаат уште Македонија, Хрватска, Србија и Шкотска. Селекторот на “орлите“ сеуште не сака да се опушти и да ужива во победите на неговата репрезентација.

– Против шкотите пишевте дека репрезентацијата е слаба, а сега пишувате како да сме го освоиле Светско првенство. Тоа што вие го работите не е вистина – им посочи на српските новинари Синиша Михајловиќ и додаде, ова е млада репрезентацијата која е во нагорна линија. Имаме и стари репрезентативци кои одлично се вклопија во мозаикот. Подобро беше да победевме неколку пати со 1-0 него вака да се истуриме врз Велс.

Во наредните мечеви од квалификациите за СП,  Србија на домашен терен ја пречекува Белгија потоа гостува во Македонија, на националната арена “Филип втори“.

– Повеќе сакам да играм во Нови Сад, Крагујевац каде било кај што сакаат својата репрезентација. Прво ќе мислам на мечот со Белгија, а понатаму ќе направиме план за дуелот со Македонија – заврши членот на “златната генарација“ на Црвена Ѕвезда, Михајловиќ

Мх.П.