Српскиот селектор Синиша Михајловиќ кој се најде на удар на јавноста по поразот од Македонија доби подршка од првиот човек на првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Томислав Караџиќ.

Од ФСС, истакнуваат дека го подржуваат Михајловиќ во подмладување на играчкиот кадар. Србија во квалификациите за пласман на СП, следниот натпревар ќе го одигра на 22. март против Хрватска.

Но во Шкотска по серијата на лоши резултати челниците на Фудбалската асоцијација на Шкотска да ја разгледуваат можноста за смена на селекторот Крег Ливејн.

Шкотска во првите четири кола, во А групата, освои само два бода (Србија и Македонија на домашен терен), а како причина за евентуална можна смена на селекторот е поразот од Велс.

Шкотска следниот квалификациски меч ќе го одигра на 22. март против Велс.