Неуспехот во Гетеборг на квалификациите за пласман на Олимписките игри во Лондон не треба да биде разбран трагично, од него треба да извлечеме поуки“, рече меѓудругото, на денешната прес конференција првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Михајло Михајловски.
Според претседателот на РФМ, настапот во Гетеборг ќе биде анализиран следната недела, кога селекторот ќе го поднесе извештајот на седницата на Управниот одбор.
Михајловски се согласи дека репрезентацијата во Гетеборг не одиграла на потребното ниво, поради што и изостана пласманот на ОИ во Лондон.
„Евидентно е дека одигравме послабо него што игравме во Србија, меѓутоа ниту Унгарија ниту Шведска не не надиграа, со Унгарците решаваше една топка. Не може стално да се игра во топ форма, нас во Гетеборг ни потфрлија некои играчи – Кире Лазаров одигра доста послабо, со доста промашувања и технички грешки, Борко не одбрани на ниво како што бранеше таму, Веле Марковски нашиот најдобар играч во одбрана не играше како во Србија. Од ова ние треба да извлечеме поуки, затоа што од Европското првенство до квалификациксиот турнир имавме два месеци, сега имаме два месеци до значајниот натпревар, квалификациски за пласман на СП во Шпанија со Австрија“, рече претседателот на РФМ
Ракометарите на Охрид во сабота го играат првиот натпревар од 1/8 финалето со Дукла Прага од ЕХФ Европскиот куп Возбудени го очекуваме претстојниот европски натпревар Тренираме напорно и сме целосн...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.