Михајловски по заминувањето од претседател на Ракометна федерација на Македонија, веднаш најде нов ангажман, а на чело на СЕХА го чека многу работа бидејќи деновиве треба да го потпишат договорот со нафтената компанија “Газпром“ за спонзорирање на лигата.
Европската куќа на ракометот го одби барањето на челниците од СЕХА, шампионот од натпреварувањето да се пласира директно во Лигата на Шампиони.
В недела во финалето во втората сезона од СЕХА лигата за златниот медал ќе се борат Вардар ПРО – Загреб откако во 1/2 финалињата ги елиминираа Металург односно Брест Мешков.