
„Toa што го направи СЈО со последниот случај е истото што го говориме подолг период наназад. СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и има единствена цел неосновано да дискредитира луѓе од раководството на ВМРО ДПМНЕ кои Заев ги гледа како конкуренција на којашто не може да ѝ парира“, вели Мијалков, додавајќи дека сите наводи на СЈО се целосно измислени.
„Под сета морална и материјална одговорност тврдам дека изречените наводи на прес- конференцијата на СЈО се целосно измислени и неточни. Ниту сум направил некаква штета на Буџетот, ниту сум остварил каква и да е материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка“, додава Мијалков.
OhridNews











