Мик Шумахер тргна по стапките на својот татко Михаел Шумахер потпишувајќи договор со тимот Ван Амерсфут Рејсин, кој се натпреварува во Формула 4.


15-годишниот пилот местото во холандскиот состав го заслужи после освојувањето на титулата светски првак во картинг во јуниорска конкуренција.

– Горд сум на своите резултати, но ова е само почеток на мојата кариера во Формула. – рече скромно синот на легендарнио Ф1 пилот.

Задоволство од потпишаниот договор искажаа и раководството на тимот во кој Мик ќе помине одреден период.

– Мик е голем талент и местото во нашиот состав го заслужи со своите резултати во картинг серијата, а не се презимето. Наша практика е да доведуваме млади пилоти и под наш надзор да се развиваат правопропорционално со годините. – потенцираше сопственикот на тимот.

Михаел Шумахер, кој имаше страотна несреќа при скијање во декември 2013 година е најдобриот пилот во историјата на Ф1 освојувајќи седум титули.

Ohridnews