Помошникот на Пеп Гвардиола, Микел Артета бил причина за бурната реакција на Лионел Меси во тунелот од Етихад по мечот меѓу Манчестер Сити и Барселона кој заврши во корист на домаќините (3-1).


Аргентинецот, многу се испровоцирал од начинот на кој Артета ја прославувал победата на теренот и во тунелот од стадионот.

– Идиоте, дојди овде, немој да бегаш и да се криеш. – се зборовите кои му ги упатил Меси на Артета во тунелот.

Ситуацијата, барем во медиумите ја смири Серхио Агуеро кој е соиграч со Меси во селекцијата на Аргентина. – Кога и да изгубите не се чувствувате добро и среќно. Го видов Меси и знаев дека се чувствува несреќно. Не беше расположен за разговор и јас воопшто не му се налутив туку го разбирам потполно.


Артета професионалната кариера ја започна во Барселона, но никогаш немаше можност да ги брани боите на каталонскиот клуб.

OhridNews